Демократската партија ја напушти кипарската Влада

27.02.2014 11:13

Кипарската Демократската партија ја напушти владејачката коалиција на Кипар и ги повлече четворицата свои министри од Владата, која брои 11 члена, јави ИТАР-ТАСС.

Владата ја напуштаат министрите за одбрана, за енергетика, индустрија, трговија и туризам, за култура и за образование.

На 11 февруари се одржа средба меѓу лидерот на десничарската партија Демократски собир , Никос Анастасијадис и лидерот на кипарските Турци, Дервиш Ерлоглу, со која беше обновен дијалогот, прекинат во 2012 –та,  како резултат на протестот на турската страна поради преземањето на претседавањето со ЕУ од страна на Никозија.

Анастасијадис и Ерлоглу потпишаа заедничка декларација, во која беа утврдени основните принципи за преговорите за обединување на земјата како федерација на двете заедници. Но, лидерот на ДИКО, Николас Пападопулос се изјасни против овој документ, што, според него, претставува предавство на интересите на кипарските Грци и прекршување на коалицискиот договор.

Распадот на владејачката коалиција нема да предизвика поголми потреси на Владата на Анастасијадис, бидејќи Кипар е претседателска република, во која шефот на државата раководи и со Владата, па формирањето на Кабинетот е негова надлежност.