Средба Трамп- Путин на 16-ти јули во Хелсинки

28.06.2018 15:27

Советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон во Москва разговараше со Путин за Сирија, Украина и за билатералните односи...

Москва и Вашингтон постигнаа договор - средбата меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи на 16-ти јули во Хелсинки.

Советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон во Москва разговараше со Путин за Сирија, Украина и за билатералните односи, кои според нив, ќе се подобрат по средбата меѓу двајцата лидери.