Вооружен инцидент во новинска редакција во Мериленд, напаѓачот уапсен
29.06.2018 09:43
Федералното истражно биро засега нападот не го третира како терористички чин. За време на пукањето, во агенцијата имало 170 луѓе.
Најмалку пет лица убиени, а 20-тина се повредени во вооружен инцидент во новинската редакција на весникот „Капитал Газета“, во Анаполис, во американската држава Мериленд. Напаѓачот е уапсен.
Федералното истражно биро засега нападот не го третира како терористички чин. За време на пукањето, во агенцијата имало 170 луѓе.
Американскиот претседател Трамп на „Твитер“ напиша дека е известен за пукањето во Анаполис и оти неговите мисли и молитви се со жртвите.
