Нигерија
Најмалку девет лица загинаа во експлозија на цистерна во Лагос
29.06.2018 12:05
Сѐ уште не е познато што ја предизвикало несреќата. Лагос е најголем град во Африка...

Најмалку девет лица загинаа во Нигерија, откако еден камион за нафта се запали на мост во Лагос. Агенцијата за управување со вонредни состојби соопшти дека меѓу загинатите има и дете. Четири лица се повредени, а 54 возила беа изгорени.
Сѐ уште не е познато што ја предизвикало несреќата. Лагос е најголем град во Африка, со повеќе од 21 милион луѓе, а Нигерија еден од најголемите производители на нафта на црниот континент.
