Договорот со Грција повторно пред пратениците на 5-ти или на 6-ти јули
Претседателот Иванов не го потпиша указот бидејќи сметаше дека Законот е противуставен и дека озаконувањето на спогодбата е кривично дело.

На 5-ти или 6-ти јули ќе се одржи собраниска седница на која по вторпат ќе се гласа за Законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Грција, најави собранискиот спикер Џафери, на брифинг со новинарите.
Претседателот Иванов не го потпиша указот бидејќи сметаше дека Законот е противуставен и дека озаконувањето на спогодбата е кривично дело.
Доколку по втор пат претседателот на државата не го потпише указот и тоа помине во пракса, како што рече Џафери, ќе се употреби истото решение и за Договорот, но и за Законот за употреба на јазиците. Едно од решенијата е тие да бидат испратени во Службен весник без потпис на претседателот Иванов.
