Песков: Приклучувањето на Македонија во НАТО е нејзино суверено право

29.06.2018 13:52

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели оти Москва негува добри односи со Скопје, но се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија...

Приклучувањето на Македонија во НАТО е суверено право на земјата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој вели оти Москва негува добри односи со Скопје, но се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија.

„Ние ги цениме и одржуваме добри односи со Македонија. Се разбира, заинтересирани сме за развој на билатералната соработка. Но, што се однесува до приближавањато на НАТО и неговата инфраструктура кон нашите граници, познат е ставот на Москва, и во тој поглед ништо не е променето“, изјави Песков.