Аграр

Советодавни служби и услуги за конкурентно земјоделство

29.06.2018 14:08

За вистинско конкурентно производство на домашните и на странските пазари, фармерите мора да воведат иновативни технологии и да имплементираат добри земјоделски практики. Министерството за земјоделство со советодавни служби и услуги во аграрот. Од ресорот подготвуваат ново законско решение...

Ако не создадеме квалитетен советодавен систем во земјоделството, да си дадеме оставка и да си одиме дома, изјави министерот Николовски. Вели оти е згрозен од тоа што во земјава само една институција обезбедува советодавни услуги за земјоделците. Тврди дека капацитетите се мали, а потребите големи.

Од Канцеларијата на УСАИД советуваат- квалитетот на советодавните услуги е пропорционален на успехот на реформите за современо земјоделство.

Во Македонија лани биле регистрирани над 170.000 земјоделски стопанства. 99,8 проценти се семејни фарми. Половина користат помалку од три хектари земјоделска површина.

 

Александра Спировска