Струјата поевтинува за 0,1 проценти
Минимално намалување на цената на електричната енергија за потрошувачите. Намалувањето од 0,1 насто ќе ваши од први јули. Бенефитите граѓаните веќе ги почувствуваа со воведувањето на евтината тарифа, велат од Регулаторна...

Цената на електричната енергија за крајните корисници минимално се намалува, за 0,1 процент. Регулаторната комисија за енергетика тврди дека ова е резултат на пониските трошоци за производство на ЕЛЕМ и на МЕПСО. Одлуката ќе важи од 1-ви јули.
Според регулаторот, драстичното намалување на трошоците во рудниците ја спуштило цената на ЕЛЕМ за 3,39 проценти, на МЕПСО за 5,34 проценти, а на ЕВН за 2,12 насто. Ова е прва ваква одлука по воведувањето евтина струја, која е пресметана во овие цени.
Либерализацијата на пазарот на струја за малите потрошувачи ќе стартува од почетокот на идната година. ЕЛЕМ ќе биде должен во 2019-та да обезбеди 80 проценти, по што односот ќе се намалува секоја година.
Дијана Ценевска
