Политичка волја и силни институции за борба против корупцијата
Силна политичка волја, градење ефикасни и транспарентни институции и нивна финансиска независност, јакнење на административните капацитети, но и силно граѓанско општество кое ќе ги следи состојбите и ќе биде подготвено да реагира, се препораки на платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. ДКСК потфрли, тврдат од таму...

Минатите години отсуствувала политичка волја Комисијата за борба против корупцијата да биде со интегритет и со соодветен човечки кадар, тврдат од платформата на граѓански организации.
Антикорупциската наместо да презема дејствија согласно надлежности, посебно во случаи на криминали на високи фунционери, таа најчесто не ни постапувала. „Доколку си ја вршеше својата работа немаше да биде формирано СЈО“, тврди Ана Јаневска Делева.
Се надеваат дека состојбите ќе се сменат по донесувањето на новиот Закон за антикорупциска, каде секој кандидат ќе треба да се претстави пред јавноста. Забелешки имаат за транспарентоста на Владата, Собранието и работата на судовите. Има напредок, но мора да се надминат некои состојби целосно.
Критика има до институциите кои ретко реагираат на одредени недоследности во законите што се однесуваат до нив, а за нив тоа го прават граѓанските организации.
Европските препораки се јасни. Од друга страна, Државната комисија за спречување корупција остана само со двајца членови по оставките на петмина членови поради ревизорскиот извштај во кој беа утврдени финансиски малверзации.
До донесувањето на Законот нема кој да ја контролира работата на јавните функционери, а предметите стојат во фиока.
Фиљана Кока
