Продолжува обесштетувањето на земјоделците
Неделава ќе продолжи исплатата за обесштетување на земјоделците од ланските непогоди. Досега се исплатени вкупно 190 милиони денари или скоро 3 милиони евра. Штети од климатските промени минатата година имаше во 30 општини и беа поднесени 17.500 барања за финансиско обесштетување.

Неделава треба да продолжи обесштетувањето на земјоделците од ланските временски непогоди. Невремето минантата година ги погоди земјоделските насади на 17.500 земјоделци во 30 општини во земјава.
Досега на сметките на фармерите легнаа повеќе од 3 милиони евра, а се проценува дека во последните години штетите направени од климатските промени се во просек по 5 милиони евра годишно.
Државата размислува да ги врати противградобијните системи на 180 места низ Македонија,а приоритет се Ресен, Преспа, Тиквеш и Струмичко. Процесот за нивна набавка е почнат, а се очекува да бидат поставени идната година.
Се работи за современа и целосно автоматизирана опрема која ќе ги покрие критичните точки. Набавката и целосното ставањето во функција на новите системи ќе заврши за пет години преку Програмата за рурален развој.
Софистицираните градобијни системи, какви што има во Грузија и во Бугарија, обезбедуваат повеќе 95 проценти заштита невреме и град на земјоделските посеви.
Методија Трајков
