На 5-ти јули седница за Договорот со Грција
Претседателот Иванов не го потпиша указот на законот. За повторно изгласување е потребно просто мнозинство, по што претседателот според Уставот е обврзан да го потпише...

Седницата на која Собранието повторно ќе гласа за законот за ратификација на Договорот со Грција ќе се одржи на 5-ти јули. Ова било договорено на координативната средба на претседателот на собранието Џафери со координаторите на пратеничките групи.
Претседателот Иванов не го потпиша указот на законот. За повторно изгласување е потребно просто мнозинство, по што претседателот според Уставот е обврзан да го потпише.
Имајќи ги предвид ставовите на шефот на државата за договорот, извесно е дека ќе го примени таканареченото џебно вето, како што направи со Законот за употреба на јазиците.
