Кривичен суд
Завршни зборови за нападот врз пратеникот Зијадин Села
02.07.2018 12:54
Застапникот на обвинението пред судот во завршниот збор рече дека со оглед на признанието на вина, обвинетите треба да се казнат согласно со Законот.

Во скопска единица завршни зборови на одбраната, за нападот врз пратеникот Зијадин Села во собранието на 27-ми април лани. Застапникот на обвинението пред судот во завршниот збор рече дека со оглед на признанието на вина, обвинетите треба да се казнат согласно со Законот.
На последното рочиште, Стојан Павлевски доби казна затвор од три години, а Цејо Георгиевски една година и два месеца.
Првично во случајот беа обвинети десетмина, но обвинителството го повлече обвинението против Сашо Сенков. За обид за убиство на Села се обвинети седуммина.
