Мерки за поддршка на руралниот развој
Објавен е јавен повик за користење на мерките од Програмата за рурален развој. За подобрување на квалитетот на јавниот живот и за развој на селата, општините ќе добијат по 20 милиони денари. За зачувување на традиционалните вредности се предвидени 15 милиони денари. Апликациите може да се поднесуваат до 31-ви август.

Подобрување на условите за живот, обнова и развој на селата, зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини. Објавени се три мерки од Програмата за рурален развој. Општините можат да поднесуваат апликации до 31-ви август. За првите две мерки се предвидени 20 милиони денари, а за третата 15. Министерот Николовски ги повика градоначалниците да изготват квалитетни проекти.
Апликантите треба да достават неколку документи до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. За средствата од трите мерки, освен општините, може да аплицираат и Центрите за развој на планските региони, а за третата мерка и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како и Македонски шуми.
Од Агенцијата појаснуваат дека еден апликант може да поднесе најмногу три проекти поединечно.
Викторија Милевска
