ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделството е клекнато на колена
Според опозициската партија, со СДСМ на власт земјоделството запаѓа во целосен хаос. Николовски се покажа неспособен да го реши проблемот со увозот на брашното и маркичките, притоа не се потруди ни да овозможи непречен откуп по достоинствени цени.

Зоран Заев и Љупчо Николовски го клекнаа земјоделството на колена. Пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаква стратегија како да се справи со овој проблем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, со СДСМ на власт земјоделството запаѓа во целосен хаос. Николовски се покажа неспособен да го реши проблемот со увозот на брашното и маркичките, притоа не се потруди ни да овозможи непречен откуп по достоинствени цени.
Ако Николовски не знае како да ги реши проблемите со кои се соочуваат земјоделците, треба под итно да си поднесе оставка и да го отстапи местото на некој што знае како да работи, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
