ВАШИНГТОН
Трамп: ЕУ ни создава проблем исто како и Кина
02.07.2018 13:50
„Лани Европејците имаа трговски суфицит со САД од 151 милијарди долари, а ние трошиме богатство за НАТО за да ги заштитиме земјите- членки“, потенцира Трамп, правдајќи ги воведените тарифи за алуминиум и челик.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Европската унија е проблем за трговијата исто како и Кина.
„Лани Европејците имаа трговски суфицит со САД од 151 милијарди долари, а ние трошиме богатство за НАТО за да ги заштитиме земјите- членки“, потенцира Трамп, правдајќи ги воведените тарифи за алуминиум и челик.
Најави царини и за европските компании кои ќе продолжат да соработуваат со Иран.
