„Образование за вработување“- нов проект за млади до 29 години
Образование за вработување, нов проект на Стопанската комора наменет за младите до 29 години. Издвоени се 12,5 милиони евра. За четири години планирано вработување на над две илјади лица. Преку партнерство меѓу бизнис- секторот и образовните институции, до кадри што ќе можат да одговорат на барањата на пазарот на трудот...

Образование за вработување- Стопанската Комора и Швајцарската амбасада отпочнаа нов проект за млади до 29 години. Целта е преку квалитетното стручно образование полесно да се вклучат на пазарот на труд. Партенрството меѓу бизнис- сектор и образовните институции е појдовна основа за успех.
„Партнерството меѓу стручните училишта или оние кои нудат обуки и приватниот сектор, е клучно за осигурувањето дека младината ќе се стекне со вештини потребни на работодавачите и ќе им помогне полесно да дојдат до вработување. Токму затоа вклученоста на приватниот сектор е во основата на нашиот проект“, изјави швајцарската амбасадорка во земјава, Сибил Сутер Техада.
Најголема потреба од доусовршување на кадри има во туризмот, металуршката индустрија и агро-секторот.
„Проектот е насочен кон средното стручно образование, бидејќи токму тие профили недостасуваат на пазарот на труд, согласно укажувањата на бизнис заедницата“, вели Биљана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија.
Проектот ќе трае 10 години, а е вреден 12,5 милиони евра. Се предвидува во првите четири години да се вработат 2.250 луѓе.
Марина Стојанова- Тонева
