САД
План за крај на Севернокорејската нуклеарна програма
02.07.2018 15:12
Најави дека државниот секретар Мајк Помпео наскоро ќе разговара за тоа со Пјонгјанг. Експертите не се оптимисти дека за една година е можно да се провери дали програмата е целосно завршена.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, изјави дека САД имаат едногодишен план како да стават крај на Севернокорејската нуклеарна програма.
Најави дека државниот секретар Мајк Помпео наскоро ќе разговара за тоа со Пјонгјанг. Експертите не се оптимисти дека за една година е можно да се провери дали програмата е целосно завршена.
Американските разузнавачки агенции не се сигурни колку нуклеарни боеви глави има Северна Кореја. Според проценките на Пентагон, Пјонгјанг поседува околу 50.
