ВАШИНГТОН

Помпео ќе замине за Северна Кореја на 5-ти јули

03.07.2018 10:40

На средбата в четврток ќе се продолжат консултациите кои следеа по јунскиот самит во Сингапур на лидерите од САД и од Северна Кореја Доналд Трамп и Ким Јонг-ун.

По трет пат, државниот секретар на САД Мајк Помпео ќе отпатува во Северна Кореја на преговори со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун за денуклеаризација на Полуостровот.

На средбата в четврток ќе се продолжат консултациите кои следеа по јунскиот самит во Сингапур на лидерите од САД и од Северна Кореја Доналд Трамп и Ким Јонг-ун.

Помпео ќе го посети и Токио каде што со лидерите на Јапонија и Јужна Кореја ќе разговара и за други регионални и билатерални прашања.