Денеска се празнува Свети Наум Охридски Чудотворец
Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Свети Наум.

Денеска се празнува Свети Наум Чудотворец, најблискиот соработник Свети Климент. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.
Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Свети Наум.
Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.
