Извлекувањето на тајландските момчиња од пештерите може да трае со месеци
12 момчиња на возраст од 11 до 16 години и 25-годишен тренер го истражувале пештерскиот систем Там Луанг. Групата се водеше за исчезната девет дена пред да биде пронајдена од нуркачките тимови во сув дел од пештерата.

Членовите на фудбалскиот тим којшто беше пронајден во пештера на Тајланд е во критична состојба поради поплавениот простор од надојдената вода и големите количества кал од монсуните. Според војската, спасувачката операција би можела да трае и со месеци.
„Не го запираме процесот за спасување, сакаме да ја испумпаме водата. Заговолен сум што се намалува нивото на водата“, изјави Наронгсак Осотанакорн, гувернер на Чианг Раи.
„Ова е најсреќниот ден за мене. Со денови го чекав син ми. Си мислев дека шансите за да преживее се само 50%.“
„ Возбудена сум. Првин, ќе го прегрнам. Им благодарам на сите новинари што дојдоа“- велат родители на момчињата.
12 момчиња на возраст од 11 до 16 години и 25-годишен тренер го истражувале пештерскиот систем Там Луанг. Групата се водеше за исчезната девет дена пред да биде пронајдена од нуркачките тимови во сув дел од пештерата.
Спасувачите прават напори да воспостават телефонски линии за да им се овозможи комуникација и со родителите. Тимови пристигнаа и од Кина, Америка и Австралија.
