Протест на вработени во прилепски „Еурокомпозит“ пред Владата
Тие поставуваат шатори пред владината зграда и како што најави Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација на „Еурокомпозит“, нема да се повлечат оттаму сѐ додека не им биде понудено конечно решение...
Вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска протестираат пред Владата, барајќи спроведување на договореното за решавање на статусот на фабриката и исплата на заостанатите плати и придонеси.
Тие поставуваат шатори пред владината зграда и како што најави Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација на „Еурокомпозит“, нема да се повлечат оттаму сѐ додека не им биде понудено конечно решение за фабриката, од која 260 вработени побаруваат 18 заостанати плати и придонеси од 2012-та година.
Вицепремиерот Анѓушев неодамна информираше дека за „Еурокомпозит“ и за велешка „Колска“ има интерес кај инвеститори. Оптимист е дека со приватизација ќе се реши проблемот, без отпуштање вработени.
