Меркел: Постигнат компромис- транзитни центри за мигрантите
Од транзитните центри на границата со Австрија, мигрантите ќе бидат вратени во земјите во кои претходно биле регистрирани. Според Меркел, со овој потег се задржува духот на партнерството во Европската унија.

Германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека е постигнат компромис за миграцијата по состанокот со Христијанско социјалната унија, најмалиот коалициски партнер во нејзината Влада.
Од транзитните центри на границата со Австрија, мигрантите ќе бидат вратени во земјите во кои претходно биле регистрирани. Според Меркел, со овој потег се задржува духот на партнерството во Европската унија.
Иако претходно се закани со оставка, лидерот на ЦСУ, Хорст Зехофер потврди дека е постигнат договор за „илегалната миграција“ и дека останува министер за внатрешни работи на Германија.
