Меркел и Зеховер постигнаа компромис
Иако претходно се закани со оставка, лидерот на ЦСУ, Зехофер потврди дека е постигнат договор за „илегалната миграција“ и дека останува министер за внатрешни работи на Германија. Германски „Билд“ пишува дека Меркел и Зеховер се договориле за поставување затворени и транзитни бегалски кампови во близина на границата со Австрија.

Лидерите на двете сестрински партии ЦДУ и ЦСУ, Ангела Меркел и Хорст Зехофер, на состанокот во Берлин низ компромис успеаја да ги надминат разликите за мигрантската криза. Нивните коалициски партнери од СПД го чекаа расплетот на разговорите со кои се одредуваше иднината на германската влада.
Иако претходно се закани со оставка, лидерот на ЦСУ, Зехофер потврди дека е постигнат договор за „илегалната миграција“ и дека останува министер за внатрешни работи на Германија. Германски „Билд“ пишува дека Меркел и Зеховер се договориле за поставување затворени и транзитни бегалски кампови во близина на границата со Австрија.
„Ова ќе го сочува духот на партнерството во Европската унија, додека истовремено преземаме решителни чекори кон организација и управување со миграцијата. Тоа е многу важно за мене, и затоа верувам дека по долги тешки денови, постигнавме добар компромис“- изјави Меркел.
Германската канцеларка објасни дека, мигрантите не само што нема да им биде дозволено да влезат во Германија, туку и ќе бидат враќани во земјите од Европската унија каде што биле претходно регистрирани. Таа додаде дека ќе бидат преземени национални мерки со цел државата подобро да управува со миграцијата, тема која што во изминатиов период стана прилично горчива во германското општество.
По германскиот компромис, Австрија најави воведување соодветни мерки, со првенствена цел заштита на државните граници кон Италија и Словенија. Зехофер во меѓувреме најави посета на Виена за договор за прифаќање на вратените мигранти.
Марина Ристова
