Тајланд

Фудбалерите во пештерата се во добра здравствена состојба

04.07.2018 10:22

По деветдневна потрага, младинската екипа беше пронајдена 4 километри од излезот на пештерата каде што влегле поради надојдената вода од поројните дождови.

На најновата снимка од фудбалерите коишто се заглавени во пештера на Тајланд, момчињата и тренерот изјавуваат дека се во добра здравствена состојба.

По деветдневна потрага, младинската екипа беше пронајдена 4 километри од излезот на пештерата каде што влегле поради надојдената вода од поројните дождови.

Спасувачките операции може да траат и со месеци поради бавното повлекување на водата и калта од монсуните во каналите.

Обука за нуркање е едно од понудените решенија за побрзо извлекување на фудбалската екипа.