САД
Сенат: Русија се мешаше во изборите во 2016-та година
04.07.2018 11:00
Анализата е објавена десетина дена пред закажаната средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и Путин во Хелсинки.

Според Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат, Русија влијаела на претседателските избори во 2016 година. Во руските активности биле вклучени кибернетички операции и ширење на пропаганда.
Анализата е објавена десетина дена пред закажаната средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и Путин во Хелсинки.
Демократскиот сенатор Марк Ворнер тврди дека целта била да се поткопа довербата во демократскиот процес, да и се наштети на кандидатката Клинтон, и да му се помогне на Трамп во изборите.
