Љубљана
Словенија бара објаснување од Германија и Австрија за миграцијата
04.07.2018 11:57
Германија најави дека ќе гради центри за мигранти на границата со Австрија, а официјална Виена дека ќе воведе дополнителни мерки за да ги заштити своите граници со Словенија и Италија.

Словенечката Влада ќе бара дополнителни објаснувања од Германија и Австрија за одлуките коишто се однесуваат на границите во врска со секундарните миграции.
Германија најави дека ќе гради центри за мигранти на границата со Австрија, а официјална Виена дека ќе воведе дополнителни мерки за да ги заштити своите граници со Словенија и Италија.
Словенечкото МВР во соопштението истакнува дека не е информирано за плановите што ги објавиле двете земји, како и дека словенечката полиција ефикасно ја контролира шенгенската граница.
