Вработените во „Еурокомпозит“ не се откажуваат од протестите

04.07.2018 14:10

Вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ остануваат на протестите- пред Владата и во Прилеп и бараат веднаш трајно, а не еднократно решение. Од Владата нагласуваат дека се посветени на решавањето на проблемот и веќе имало заинтересирани компании за „Еурокомпозит“...

Протести ќе има и во Прилеп и во Скопје сѐ до конечно решавање на состојбата со „Еурокомпозит“, велат вработените кои во две групи протестираат и бараат целосно, а не еднократно решавање на проблемот на оваа наменска фабрика.

Владата им понуди една позајмица од 6 милиони денари, половината за плата на вработените, другото за набавка на репроматеријали. Компанијата се проценува, а ќе има и пакет- отпремнини. Веќе има и заинтересирани купувачи.

За вработените една плата не е решение. Велат, остануваат да протестираат- една група пред Владата, а другата два часа го блокираше патниот правец Прилеп- Градско на излезот од градот.

Вработените на „Еурокомпозит“ ги продолжуваат протестите.

 

Елизабета Митреска