Македонската Влада најтранспарентна во регионот
Владата на Република Македонија најотворена и транспарентна меѓу владите во регионот, покажува меѓународното истражување на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“...

Македонската Влада рангирана на првото место во регионот во транспарентост и отвореност. Ова го покажало меѓународното истражување „Екшн си“, поддржано од Европската унија.
„Ова е извонредно признание за клучните приоритети на Владата, а тоа се транспарентото и отвореното владеење во интерес на граѓаните“, рече министерот Поповски, според кого ова истражување ќе биде уште поголема обврска, но и предизвик за остварување на подобри резултати.
Согласно со мониторингот, напредок има и во сите министерства, најмногу во индикаторот свесност. Институциите се најдоа на третото место зад Црна Гора и Србија. Култура бележи најголем прогрес, пад има кај ресорот правда.
Според истражувањето, лани македонската Влада беше на дното на табелата со 52 процента. Годинава индексот на отвореност и транспарентност е зголемен на 75,61 насто. Истражувањето е спроведено во 6 земји од декември 2017-та до февруари 2018-та.
Викторија Милевска
