Условна казна за двајца вработени во затворот „Скопје“ за неовластено снимање на Чавков
Првообвинетиот на 30-ти ноември од стражарската кула го забележал оштетениот, искористил поволен момент и преку прозорското стакло без негова согласност го фотографирал, со што му ја повредил приватноста.

Обвинителството поведе постапка против двајца службеници од затворот „Скопје“. Се товарат дека неовластено го снимале поранешниот министер за внатершни работи, Митко Чавков.
Првообвинетиот на 30-ти ноември од стражарската кула го забележал оштетениот, искористил поволен момент и преку прозорското стакло без негова согласност го фотографирал, со што му ја повредил приватноста.
Потоа, фотографиите во приватна порака преку социјалните мрежи ги проследил на тројца колеги, а второобвинетиот ја проследил фотофрацијата на уште двајца униформирани полициски службеници.
Обвинителството бара на двајцата да им се изрече условна казна, односно две години да не сторат кривично дело, во спротивно ќе одат три месеци во затвор.
