Финансиска полиција

Кривични пријави за несовесно трошење при изградбата на мостот „Око“

04.07.2018 14:39

Кривични пријави за поранешниот градоначалник на Центар и уште двајца вработени, поради финансиски малверзации поврзани со изградбата на мостот „Око“ во општината. Иако парите биле вратени, кривичната се однесува на 433 илјади евра.

Поранешен градоначалник на Општина Центар, тогашниот секретар и вработен во Сектор за уредување на градежно земјиште заработија кривична пријава за несовесно работење во службата. Од Финансиската полиција рекоа дека ја оштетиле општинската каса за околу 433 илјади евра, бидејќи не наплатиле две банкарски гаранции, за даден аванс и за неневремено извршување на работата на проектот „Пешачки мост Око“.

Од Финансова велат оти инвеститорот избегал, без да ги исполни обврските, а осомничените само го раскинале договорот, по што распишале тендер и склучиле нов договор со друг добавувач.

Пред неколку дена пријавените ја вратиле целосната сума за која се теретат во Општина Центар. Постапка продолжува. Сега на потег е Јавното обвинителство.

Директорот на Управата за финасиска полиција информира дека работат на повеќе случаи каде била општетена буџетската каса. 

Наташа Гркова- Петрушевска