Спроведување на реформите- единствен пат кон ЕУ
Тежок е патот до ЕУ, работете на реформите тие се неопходни за граѓаните, оценува германскиот амбасадор Герберих. За премиерот Заев договорот со Грција е признат од целиот демократски свет...

Македонија нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ и НАТО. Европскиот совет сака да види резултати за реформите, рече премиерот Зоран Заев на конференцијата „Македонски перспективи - Како до Европа“. Според премиерот, договорите со Грција и Бугарија покажаа развој на добрососедската политика и што беше препознато од меѓународната заедница.
„Целиот демократски свет прифати и оддаде признание дека начинот на кој беше постигнат договорот е целосно во согласност со најдобрите европски традиции за решавање на дури и најсложените прашања“, изјави премиерот Заев.
Германскиот амбасадор во земјава, Герберих оцени- Македонија никогаш порано не била поблиску до ЕУ. Тој е уверен дека преговорите за пристапување ќе почнат следната година. Дотогаш Владата ја очекува уште многу работа, предупреди Герберих.
„Остатотокот од патот нема да биде лесен, а понекогаш ќе биде и болен. Нема да има автоматизам. Советот ќе одлучи во јуни 2019-та година за тоа дали преговорите за проширување всушност ќе бидат земени во предвид, имајќи го во предвид понатамошниот напредок во реформите“, изјави германскиот амбасадор во земјава, Герберих.
Наесен претстои референдумот. На Владата останува да ги убеди граѓаните тој да биде позитевен, бидејќи според анкетите, сѐ уште е голем процентот на граѓаните кои не сакаат промена на името- порачаа дел од граѓанските организации.
Марина Стојанова- Тонева
