Камерон се обидува да ја убеди Меркел за менување на договрите на ЕУ

27.02.2014 13:03

Британскиот премиер Дејвид Камерон се обидува да ja убеди германската канцеларка Ангела Меркел за потребата од менување на договорите на ЕУ, што би и овозможило на Велика Британија да се избори за враќање на дел од овластувањата што му ги има пренесено на Брисел јавуваат британските медиуми.

Меркел денеска е во еднодневна посета на Лондон. Покрај средбата со својот домаќин Камерон, ќе разговара и со лидерите на трите главни британски политички партии.

Во време на престојот геранската канцеларка ќе се сретне и со британската кралица Елизабета, а ќе одржи и говор пред пратениците во британскиот Парламент.

Пред Меркел, последен германски канцелар кој се обратил во британскиот Парламент е Вили Брант во 1970 . Со својот денешен получасовен говор, Меркел ќе им се приклучи на низа светски политички лидери кои имале свое обраќање во британскиот Парламент, меѓу кои се и тројцата француски претседатели Шарл Де Гол, Валери Жискар Д’Естен и Франсоа Митеран, советскиот лидер Михаил Горбачов, рускиот претседател Борис Елцин, претседателите на САД Роналд Реган и Барак Обама и поранешниот јужноафрикански лидер Нелсон Мандела.

Официјален Лондон се обидува да ја придобие Меркел за својата европска политика, откако Камерон не успеа да наиде на разбирање кај францускиот претседател Франсоа Оланд, а за британските намери за преуредување на ЕУ, нема поддршка од ниту една земја членка.

Лондонските медиуми проценуваат дека Меркел би можела да му понуди на Камерин „ограничена можност“ за преуредување на некои прописи на ЕУ, но таа во сите разговори со британските политичари се обидува да ги увери во потребата Велика Британија да остане во Унијата, каде членува 40 години.