Кина со контрамерки за санкциите од САД
Меѓу американските компании кои би можеле да бидат погодени од контрамерките се оние кои се занимаваат со производство на соја и виски, како и производителите на автомобили, како што се „Форд“ и „Тесла“.

Кина соопшти дека е „целосно подготвена“ за трговска војна со САД. Царините што ги воведе Вашингтон за стока од Кина ќе стапат на сила во петок, а Пекинг најави контрамерки.
Меѓу американските компании кои би можеле да бидат погодени од контрамерките се оние кои се занимаваат со производство на соја и виски, како и производителите на автомобили, како што се „Форд“ и „Тесла“.
За време на предизборната кампања, американскиот претседател Доналд Трамп ја нападна Кина, обвинувајќи ја за нефер трговско работење, и дека неговата администрација, ако Кина не го промени своето однесување, ќе наметне казни за кинеската стока.
