Москва

Најавена средба Лавров- Помпео

04.07.2018 15:25

Лавров нагласи дека Москва очекува на оваа средба да се водат отворени разговори за сите проблеми...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, по одржувањето на средбата меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, закажана за 16 јули во Хелсинки.

Лавров нагласи дека Москва очекува на оваа средба да се водат отворени разговори за сите проблеми што ги оптоваруваат односите меѓу Русија и САД.