Аграр

Се подготвува нов советодавен систем во земјоделството

05.07.2018 10:18

За успешно и конкурентно земјоделство потребна е соодветна и развиена советодавна мрежа, порачуваат експертите. Фармерите треба да знаат како квалитено да произведат и да продадат, но велат дека неамат време за весници и за интернет и потребни им се стручни совети. Сегашната советодавна служба не ги задоволува потребите на скоро 170 илјади земјоделски стопанства...

Во Македонија лани биле регистрирани повеќе од 170.000 земјоделски стопанства, односно семејни фарми, а половина од нив користат помалку од три хектари земјоделска површина.

До земјоделците сѐ уште тешко доаѓаат информациите кои ќе им помогнат да го направат своето произвотство поквалитетно и конкурентно на пазарот. Честото менување на законите и на прописите дополнително ја отежнува работата, а им недостасува и време за следење на информации или користење на интернет.

Во моментов, советодавни услуги обезбедува само Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството. Со нив годишно се покриени не повеќе од 700 земјоделски стопанства што е многу помалку од бројот на земјоделците, корисници на државна поддршка и евидентираните 30 до 40 илјади индивидуални стопанства кои имаат посериозен развоен капацитет.

Во моментов Предлог- законот за новата советодавна мрежа е на јавна расправа, и треба да се донесе наредната година.

 

Методија Трајков