Пресуда за седум обвинети за обид за убиство на Села
05.07.2018 10:28
Адвокатите на обвинетите побараа ослободителна пресуда, а јавниот обвинител пак да им се суди за тоа што го направиле, а не за тоа што го мислат.

Во Кривичниот суд ќе биде објавена пресудата за седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.
Адвокатите на обвинетите побараа ослободителна пресуда, а јавниот обвинител пак да им се суди за тоа што го направиле, а не за тоа што го мислат.
Претходно по признанието на вина Стојан Павлески и Цејо Ѓеоргиевски беа осудени на три, односно една година и три месеци затвор.
Обвинителство се откажа од гонење на Сашко Сенков поради немање докази.
