СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали е за членство во ЕУ и НАТО
Според Социјалдемократите, ВМРО-ДПМНЕ треба јасно да каже дали е за членство во ЕУ и во НАТО или сѐ уште сонува за враќање на Македонија во изолација, нестабилност, поделби и нарушен меѓународен углед.

Постигнатиот договор со Грција го затвора 25-годишниот спор, го зајакнува и го гарантира македонскиот идентитет, го отвора патот кон полноправно членство на земјава во Европската унија и во НАТО, велат од СДСМ.
Според Социјалдемократите, ВМРО-ДПМНЕ треба јасно да каже дали е за членство во ЕУ и во НАТО или сѐ уште сонува за враќање на Македонија во изолација, нестабилност, поделби и нарушен меѓународен углед.
Граѓаните слободно, на референдум ќе ја искористат историската шанса и ќе го поддршат договорот, ќе кажат „да“ за влез во ЕУ и во НАТО и ќе кажат „да“ за македонската иднина, сметаат од владејачката партија.
