ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го понижува и го потценува македонскиот народ
Иако ветуваше и се колнеше во своите идни и минати поколенија дека ќе го заштити името, идентитетот и јазикот, Заев го потпиша капитуланскиот договор со Грција.

СДСМ во континуитет го понижува и го потценува македонскиот народ. Тие се разочарани и осиромашени. Победи нема, а поразите на секое поле се секојдневие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, судството стана партиска испостава на СДСМ, економија е пред колапс. На меѓународен план Македонија е понижена со капитулантски договори, со кои Заев се откажа од сѐ што е македонско.
Иако ветуваше и се колнеше во своите идни и минати поколенија дека ќе го заштити името, идентитетот и јазикот, Заев го потпиша капитуланскиот договор со Грција.
Се откажа од името, идентитетот, историјата, јазикот и македонското малцинство во соседството, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
