Собрание

Договорот со Грција повторно пред пратениците, ВМРО-ДПМНЕ најавува кривични пријави

05.07.2018 10:45

Законот за ратификација на Договорот за името со Грција, повторно пред пратениците. Претседателот Иванов не го потпишува указот. Извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на пленарката. Спикерот Џафери најави - Законот ќе оди во Службен весник со негов потпис...

Законот за ратификација на Договорот за името со Грција, повторно на пленарка, откако претседателот Иванов не го потпишува указот. За изгласување на законот е потребно мнозинство од 61 глас „за“.

Според најавите, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно нема да присуствуваат на седницата, како и при првичното разгледување на законот.

Спикерот Џафери најави дека по прегласувањето, законот ќе го испрати во Службен весник со негов потпис.

Од опозициската партија најавуваат кривични пријави за креаторите и потписниците на Законот за употребата на јазиците и на Договорот со Грција за промена на името на Република Македонија.