Канада: Дваесетина жртви на топлото време
05.07.2018 10:49
На најголема опасност се изложени луѓето со хронични болести, ментални нарушувања, и оние кои минуваат многу време во простории без климатизација.
Најмалку 19 лица загинаа од превисоките температури во канадската провинција Квебек минатата недела. Најголем број жртви има во Монтреал каде што температурите се искачуваат и до четириесетиот Целзиусов степен.
На најголема опасност се изложени луѓето со хронични болести, ментални нарушувања, и оние кои минуваат многу време во простории без климатизација.
Постуден бран се прогнозира во источниот дел од Канада.
