Министерството за финансии и Фондот за иновации го организираат првиот „ФинХакатон“
Наградниот фонд за реализација и финализација на победничките решенија е 1,5 милиони денари. Победниците ќе имаат можност да основаат сопствена стартап компанија, а менторите ќе им помогнат на учесниците во реализацијата на нивните идеи.
Министерството за финансии во соработка со Фондот за иновации за првпат организира „ФинХакатон“. Oвој 48-часовен предизвик е со цел да собере и да поттикне млади и креативни луѓе да изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Тоа подразбира веб-апликација, видео и видеоигра.
Наградниот фонд за реализација и финализација на победничките решенија е 1,5 милиони денари. Победниците ќе имаат можност да основаат сопствена стартап компанија, а менторите ќе им помогнат на учесниците во реализацијата на нивните идеи.
Во секој тим потребни се членови со предзнаења во делот на развој на веб-апликации, дизајн, хардвер, софтвер, економија, бизнис и маркетинг, мулитмедија.
Натпреварот ќе се одржи од 6-ти до 8-ми јули во Министерството за финансии.
