ГВАТЕМАЛА

Стотици жртви во ерупцијата на вулканот Фуего

05.07.2018 11:29

Идентификувани се 85 жртви. Фуего е еден од најактивните вулкани во средна Америка...

Властите на Гватемала соопштија дека бројот на загинати во ерупцијата на вулканот Фуего во јуни изнесува 332 лица, односно стотина повеќе во споредба со првичните податоци.

Идентификувани се 85 жртви. Фуего е еден од најактивните вулкани во средна Америка. Во подрачјето живеат околу 200.000 жители.