Серија пожари во западниот дел на САД
05.07.2018 11:47
Властите воведоа и забрана за огномети со цел да се спречи ширење на веќе регистрираните 60 шумски пожари во области погодени од суша.

На Денот на независноста, илјаднци луѓе ги напуштија домовите поради пожарите коишто бесенат во западниот дел на САД. Властите воведоа и забрана за огномети со цел да се спречи ширење на веќе регистрираните 60 шумски пожари во области погодени од суша.
Најголемиот пожар што е на околу 205 километри југозападно од Денвер, се смета за трет по големина во историјата на сојузната држава Колорадо.
