Кривичен суд

Обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села добија вкупно 81 година затвор

05.07.2018 11:57

Вкупно 81 година затвор за седумтемина напаѓачи на пратеникот Зијадин Села во Собранието. За тројца по 13, а за четворица по 10 ипол години робија. Обвинителството побара притвор до правосилноста на пресудата. Одбраната најави жалба...

Изречени пресудите за седумтемина обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27-ми април минатата година.

Кире Ѓорѓиевски доби 13 години затвор, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски- Тошта 13 години затвор, Никола Војминовски 13 години и шест месци и Коста Делев, 10 години и шест месеци.

Опишувајќи кој и како го извлекол пратеникот Села од прес- центарот во Собранието и како го удирале по главата и телото, судијката Славица Андреевска рече дека обвинетите со умисла се обиделе да го лишат од живот пратеникот Села.

Во затворските казни ќе им биде пресметано и времето поминато во притвор. Одбраната најави жалби.