Вкупно 81 година затвор за седумтемина напаѓачи на пратеникот Зијадин Села
Вкупно 81 година затвор за седумтемина напаѓачи на пратеникот Зијадин Села во Собранието. За тројца по 13, а за четворица по 10 и пол години робија. Одбраната најави жалба. Претходно по признанието на вина Стојан Павлески и Цејо Ѓеоргиевски беа осудени на три, односно една година и три месеци затвор, а Обвинителство се откажа од гонење на Сашко Сенков...

Од 10 и пол до 13 и пол години затвор или вкупно 81 година им пресуди Кривичниот суд на седумтемина обвинети за убиство во обид на лидерот на Алијансата за Албанците - Зијадин Села. Според пресудата, лани на 27 април во Собранието, го извлекле од групата пратеници, го удирале со клоци и тупаници, а не престанале да го тепаат ниту кога го собориле на земја. Обвинителот побара да им се продолжи притворот.
По гласањето, судечкиот совет одлучи - за петмина да продолжи затворскиот, а за двајца куќниот притвор. Адвокатот на Села, не ги коментираше пресудите. Пред граѓанскиот суд ќе бара отштета од половина милион евра. Очекува уште едно судење – да одговараат и оние чиј идентитет не беше утврден од снимките што јавно се прикажаа.
Претходно судот изрече затворски казни за уште двајца обвинети за напад на пратеникот Села, а еден обвинет беше ослободен поради недостиг на докази.
Анита Димитријевска
