Политика

Заев: Иванов да го потпише Законот за Договорот со Грција

05.07.2018 14:51

Премиерот Заев го повика претседателот Иванов да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција. Вели- за ова прашање не се согласуваме, но законите и Уставот нѐ обврзуваат како да постапуваме. Тврди дека договорот е фер и правичен. ВМРО-ДПМНЕ до Обвинителството поднесе кривични пријави против спикерот Џафери, премиерот Заев, министерот Димитров и пратениците што го изгласаа законот...

Претседателот Иванов да го потпише законот за ратификација на Договоорт со Грција - порача премиерот Зоран Заев. Како што рече, законот по втор пат е излгласан во Собранието и потребно е да се следат процедурите. Според премиерот, договоорт е фер и правичен, а Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО.

„Следуваат процеси во нашата земја, референдум, уставни промени, потоа следува и ратификација во грчкиот парламент. Со ратификацијата во грчкиот парламент, за меѓународна употреба во сите институции, кон сите држави ќе се употребува новото име“, изјави премиерот Заев.

Додека пратениците од парламентарното мнозинство гласаа за ратификција на договорот, пратенците од ВМРО- ДПМНЕ во Јавното обвинителство поднесоа кривични пријави против нив, премиерот, министерот за надворешни работи и претседателот на Собранието, Џафери.

„Наведени се четири основи за сторени кривични дела. Јасно е дека со носењето на договрото се прекршени повеќе закони и Уставот, и се прави обид за изигрување на целиот правен систем во Република Македонија“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа надлежните институции да не се плашат да ја извршат својат должност и да постапат според Уставот и законите.

 

Марина Стојанова- Тонева