Вработените во „Еурокомпозит“ го прекинаа штрајкот, договорена исплата на две плати

05.07.2018 15:16

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ го прекинаа штрајкот, се враќаат во халите. Ја прифатија владината понуда за исплата на две плати. Бараат решение за загубарот по примерот на „Фени“...

Вработените на прилепски „Еурокомпозит“ го прекина штрајкот. Заминуваат од пред Владата и се враќаат во поногите. За нив била прифатлива понудата што ја добиле на средбата со вицепремиерот Анѓушев. Веднаш линеарно ќе добијат по 30 илјади денари, дел од нив ќе бидат прогласени за технолошки вишок и ќе се бара решение за статусот на загубарот.

Според првиот синдикалец на индустријата, енергетиката и рударството, Пеце Ристески решавањето на проблемот со „Еурокомпозит“ ќе оди по примерот на кавадаречки „Фени“, однос со план за реорганизација. Се предвидува околу 130 работници да заминат како технолошки вишок.

Вработените на „Еурокомпозит“ кои имаат побарувања по основ на неисплатени плати и придонеси од 2012-та година, од понеделник тргнуваат на работа.

 

Дијана Ценевска