“Зачувување и заштита” - Проект на Конгресот на САД
На 28 февруари, петок, амбасадорот на Соединетите Држави Пол Д. Волерс и министерот за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска ќе се обратат на свечена промоција на книга во Националната галерија Даут Пашин Амам во Скопје.

Книгата, насловена “Зачувување и заштита”, содржи фотографии и описи на проекти, што се поддржани преку Амбасадорскиот фонд за културна заштита во Македонија, во Косово, во Албанија и во Црна Гора.
Од основањето на Амбасадорскиот фонд за културна заштита во 2001 година, Амбасадата на САД во Скопје има финансирано единаесет проекти за зачувување на културното наследство на Македонија. Оваа програма е основана од Конгресот на САД и има за цел да им помага на земјите во зачувување и оддржување на нивното значајно културно наследство. Програмата ја нагласува посветеноста на САД да се зачува заедничкото наследство во целиот свет, така што помага културните богатства да бидат зачувани за идните генерации.
Медиумите се поканети да присуствуваат на официјалната церемонија, што ќе се оддржи во петок, 28 февруари 2014, со почеток во 12:00 часот, во Националната галерија Даут Пашин Амам во Скопје.
