Земјоделство
До 15-ти август отворен огласот за набавка на домашна печница за стокови резерви
05.07.2018 16:14
По завршување на јавниот оглас, мелничарите ќе можат да ја понудат откупената пченица од домашните производители на Агенцијата за стоковни резерви.

Објавен е огласот за набавка на 13 илјади тони домашна печница за стоковни резерви. Ќе биде отворен до 15-ти август.
Од Министерството за земјоделство информираат дека се распишани 10 лотови по 100 тони и три лота по 4 илјади тони пченица. По завршување на јавниот оглас, мелничарите ќе можат да ја понудат откупената пченица од домашните производители на Агенцијата за стоковни резерви.
Од ресорот очекуваат со мерката да се придонесе кон зголемување на откупот и на откупната цена. Во меѓувреме, се разгледуваат и можности за измени во програмата за директни плаќања.
