Пенс- Заев: Договорот со Грција- јасен сигнал за полноправно членство на Македонија во НАТО

06.07.2018 10:27

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, во телефонски разговор со премиерот Заев потврдил дека поканата ќе биде верификувана на самитот на НАТО во Брисел наредната недела. Со позитивниот резултат од референдумот, Македонија полноправно се зачленува во Алијансата, рекол Пенс...

Договорот со Грција е јасен сигнал за Македонија за полноправно членство во НАТО. Ова во телефонски разговор со премиерот Заев синоќа го порачал американскиот потпретседател Пенс.

Тој потврдил дека поканата ќе биде верификувана на самитот на НАТО во Брисел наредната недела. Со позитивниот резултат од референдумот, Македонија полноправно се зачленува во Алијансата, рекол Пенс.

Реформите се важни и за членството во ЕУ со што се зајакнува Македонско-американското пријателство, потврдил Мајк Пенс при разговорот со премиерот Заев, кој се заблагодарил на поддршката уште од време на македонската независност.